Светски ден на безбедноста и здравјето при работа 2026: Глобален извештај

Психосоцијалната работна средина: Глобални трендови и насоки за делување

Оваа страница го претставува извршниот резиме на македонски јазик од Глобалниот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ) со наслов „Психосоцијалната работна средина: Глобални трендови и насоки за делување“, кој е подготвен по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 2026.

Во овој извештај се разгледува како психосоцијалната работна средина e обликувана од елементите на работата и интеракциите на работа во однос на начинот на кој се изведуваат и дизајнираат работните места, начинот на кој работата се организира и управува, како и пошироките политики, практики и процедури кои влијаат врз управувањето на работата.

Во извештајот се воведува иновативен пристап кој е структуриран да ги опфати трите меѓусебно поврзани нивоа со цел подобро да се разберат факторите кои ја обликуваат психосоцијалната работна средина, вклучувајќи ги барањата на работното место, јасноста на улогите, обемот на работа, автономијата, распоредот на работното време, како и правичните и транспарентни процеси, а со цел поддршка на насочената ипроактивна превенција и управување за подобрување на безбедноста, здравјето и успешноста на работниците.

За да се истакне здравственото и економското влијание кое произлегува од лошата психосоцијална работна средина, извештајот претставува повеќе од преглед на постојните докази и опфаќа нови глобални проценки од Меѓународната организација на трудот (МОТ), кои посочуваат дека психосоцијалните ризик-фактори се одговорни за повеќе од 840.000 смртни случаи на годишно ниво, речиси 45 милиони изгубени години на живот прилагодени според попреченост (DALYs) секоја година, како и проценета годишна загуба која соодветствува на 1,37 проценти од глобалниот БДП. Воедно, во извештајот се разгледуваат меѓународните, регионалните и националните развои на политики и се изнесуваат практични пристапи за превенција и управување со психосоцијалните ризици на ниво на работното место.

تفاصيل إضافية

المراجع