Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа
Помошниот пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа има за цел да обезбеди насоки на конституентите на МОТ при воспоставувањето или реформата на законите за БЗР, по пат на систематско разработување и анализа на клучните начела и компоненти на солиден, превентивно ориентиран рамковен закон за БЗР, кој следи современ регулаторен пристап. Во таа насока, се утврдуваат суштинските елементи на националните нормативни рамки за БЗР коишто произлегуваат од меѓународните стандарди на трудот, кодексите на практики и насоките на МОТ, како и од најсовремените национални закони за БЗР. Документот, колку што е можно, ги опфаќа и разгледува различните избори на политики и изработка и изнесува примери на законодавни елементи од држави со различни правни традиции, со цел да се збогати и прошири перспективата на корисниците.
Оваа алатка има двојна цел: да ги поддржи законодавците при идентификувањето на празнините во законодавните рамки кои се однесуваат на меѓународните стандарди на трудот, како и да им помогне при разгледувањето и истражувањето на различни опции за изработка на политики и законодавни текстови кои може да се искористат при осврнувањето на специфичните потреби и околности во државата. Ова се постигнува со тоа што на законодавците им се нуди помош при разбирањето зошто одредени законодавни одредби се важни, а со цел тие да станат свесни за различните избори на политики и изработка со кои се нагласуваат овие одредби и со цел да осознаат како останатите држави ги имаат регулирано овие елементи во нивното односно законодавство за БЗР.
Помошниот пакет е структуриран во 12 дела кои даваат пример за логичен тек на рамката на закон за БЗР:
- Развој на законодавството за БЗР: Од првични закони за БЗР до современи рамки за БЗР
- Обем и опсег на сеопфатните закони за БЗР
- Обврски на институциите во врска со националните системи за БЗР и интрументите за управување со БЗР
- Обврски и права кои се однесуваат на БЗР
- Претставници на работниците за БЗР
- Одредби за заштита на работниците во специфични услови на ранливост
- Служби за здравје при работа
- Стручни лица за БЗР
- Системи за прибирање податоци: евидентирање, известување и статистика
- Спроведување на законодавство за БЗР
- Прекршоци и казни во врска со БЗР
- Техники за изработка на закони
Секој дел е проследен со листи за проверка во ПДФ формат кои може да се менуваат и кои се достапни подолу на оваа страница.
Овој Помошен пакет е изработен во рамките на Водечката програма на Меѓународната организација на трудот насловена Безбедност + здравје за сите која има за цел подобрување на безбедноста и здравјето на работниците ширум светот преку градење на култура на превенција. Во таа насока, замислата на оваа глобална програма, покрај останатите клучни компоненти, е да се развијат корисни национални законодавни и политички рамки за БЗР бидејќи тие се стожерот за безбедни и здрави работни средини.
Преводот на публикацијата „Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа“ од англиски на македонски јазик е извршен во рамките на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Проектот е финансиран од Европската Унија.
Листи за проверка
Пов'язаний вміст
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 1.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 3.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 4.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 5.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 6.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 6.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 7.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 8.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 9.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 10.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 11.
Помошен пакет за изработка на законодавство за безбедност и здравје при работа. Дел 12.