Политики за вештини во насока на економска диверзификација во Поранешна Југословенска Република Македонија

Унапредување на локалните политики за вештини за секторите за храна и туризам

Content also available in: English
Поранешна Југословенска Република Mакедонија е земја со мала и отворена економија. Трговијата сочинува околу 90 проценти од БДП на земјата. Затоа, извозот игра важна улога во економскиот развој на земјата, додека развојот на успешен извозен сектор што може да биде конкурентен на странските
пазари е од клучно значење, имајќи ја предвид големината на домашниот пазар (Kathuria, 2008). След- ствено, фокусот на владините економски политики во последните години е насочен кон подобрување на деловната средина, привлекување странски директни инвестиции (СДИ) и промовирање на извозот.
„Отвореноста“ на трговијата е зголемена во последната деценија, преку намалување на тарифите за најпретпочитана земја (MFN) и преференцијалната трговска либерализација со регионалните трговски
партнери и ЕУ.

Additional details

Author(s)

  • Доцент проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски; Помлад консултант: м-р Александар Костадинов; Со придонес од Кон Грег и Ерик вон Уекскул

References

  • ISBN Web PDF: 9789221258865
  • ISBN: 9789221258858