Подобрување на безбедноста и здравјето при работа во мали и средни претпријатија – Модул за обука

Компаниите со највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа (БЗР) и здрава, безбедна и мотиварана работна сила се исто така и најуспешни и најконкурентни; превенцијата се има покажано и докажано како исплатлива.

Малите и средни претпријатија (МСП) значително придонесуваат кон националните економии ширум светот. Сепак, кај нив се забележуваат највисоки стапки на несреќи при работа и професионални заболувања кои првенствено се должат на недостатоци во поглед на човечки и финансиски ресурси, недостаток на свесност за БЗР прашања и потешкотии во пристапот до надворешна поддршка и обука. Покрај сериозните етички загрижености кои произлегуваат од човечко страдање, влијанието на несреќите при работа и професионалните заболувања се одразува и на продуктивноста и економскиот пораст.

Секторот за трудова администрација, инспекција на трудот и безбедност и здравје при работа на МОТ (LABADMIN/OSH), Фондот Визија Нула (VZF) и Програмата за одржливи, конкурентни и одговорни претпријатија (SCORE) изработија модул за обука со кој работниците, работодавачите и менаџерите на МСП се запознаваат со главните БЗР начела, концепти, процеси и алатки за воспоставување на култура на безбедност и здравје во насока на континуирано подобрување во нивните односни претпријатија.

Модулот за обука се состои од Прирачник за учесници, Водич за обучувачи и презентација (со забелешки за обучувачот). Модулот е достапен на англиски, шпански и француски јазик.

Водичот за обучувачи е достапен за преземање тука.
Прирачникот за учесници е достапен за преземање тука.
Презентацијата БЗР во МСП може да се преземе тука.