Изработка на национална стратегија за подобрување на безбедноста и здравјето во микро, мали и средни претпријатија: Практичен водич
Овој Практичен водич има за цел да им помогне и да ги поддржи владините службеници, претставниците на работодавачите и работниците, како и останатите засегнати страни да соработуваат при изработката на прилагодена стратегија за БЗР која има за цел подобрување на условите во ММСП.
Во повеќето земји, а особено во земјите во развој, владите и социјалните партнери се соочуваат со значајни предизвици во однос на унапредувањето на условите за безбедност и здравје при работа (БЗР) во микро, малите и средните претпријатија (ММСП). Пристапот до ММСП – особено до помалите – честопати е тежок и се неопходни прилагодени решенија засновани на специфичниот контекст во кој тие функционираат.
Со цел да се поттикне координирано делување за прашањата поврзани со БЗР во ММСП, Водичот е дизајниран да ги исполни следните цели:
- да обезбеди заедничко разбирање, меѓу различните засегнати страни, за процесот кој е неопходен за изработка на национална стратегија за БЗР во ММСП;
- да го поттикне ангажманот и посветеноста на сите вклучени чинители;
- да предложи практичен, постепен пристап за изработка на национална стратегија за БЗР насочена кон ММСП преку координиран процес; и
- да обезбеди насоки и практични примери за владите, организациите на работодавачи и работници и останатите релевантни засегнати страни, со цел тие заеднички да изработат балансирана и сеопфатна национална стратегија за БЗР за ММСП.
Секој од 7-те чекори опишани во Водичот е проследен со водич за активности, вклучувајќи практични работни листови, за тоа како да се анализира состојбата со БЗР за ММСП во земјата; како да се воспостави работна група; и како да се развие, спроведе, следи и оцени стратегија за БЗР со цели, иницијативи и индикатори за мониторинг.
Иако овој Практичен водич е наменет за изработка на национална стратегија за БЗР која се сосредоточува на ММСП, тој може да се користи и за развој на секторски стратегии за ММСП во согласност со националните услови и практики.
Más detalles
Referencias
- ISBN Print: 9789220434833
- ISBN Web PDF: 9789220434840