Спречување стрес на работното место

Стресот поврзан со работата е едно од најважните прашања во многу земји и на различни работни места. Стресот има многу негативни влијанија, вклучувајќи циркулаторни и гастроинтестинални заболувања, други физички проблеми, психосоматски и психосоцијални проблеми, кои се манифестираат со ниска продуктивност, како и чести повреди на работното место.

Оттаму од витално значење е оптимизацијата на условите и организацијата на работната средина. Овој прирачник вклучува лесно применливи контролни точки за одредување на стресорите во работниот век и за ублажување на нивните штетни ефекти.

Контролните точки во оваа публикација претставуваат добра практика за организациите воопшто, но мора да бидат поврзани со спецификите на организацијата и со конкретни проблеми.
Секоја од контролните точки - илустрирани во боја - опишува дејствие кое покажува зошто е тоа потребно, како да се спроведе, и обезбедува дополнителни совети и насоки.
Оваа публикација ќе биде четиво од суштинско значење за националните институции, раководители на компании и организациии, синдикати и професионалци за безбедност и здравје при работа, како и за сите кои имаат интерес во справување со стресот на работното место.