Yпатство за развивање политики

Колективно договарање: упатство за развивање политики

Како можат владите да ја поттикнат ефективната примена на ова темелно право? Какви политики и институции го поттикнуваат колективното договарање и како да се воспостават тие?

Ова упатство за развивање политики е наменето за јавните органи надлежни за воспоставување на политиките и институциите што го поттикнуваат колективното договарање или за подобрување на нивната ефективност. Тоа дава насоки во однос на суштинските елементи на една политика за поттикнување на колективното договарање, процесот за формулирање на таквата политика и одредени важни аспекти за подобрување на инклузивноста на институциите за колективно договарање. Упатството може да се користи во различни институционални средини и национални традиции. Тоа помага во развивањето политики за поттикнување на колективното договарање преку трипартитен социјален дијалог.