Ергономски контролни точки

Практичен прирачник со лесно применливи решенија за подобрување на безбедноста, здравјето и условите на работното место

Во овој Прирачник се претставени 132 ергономски интервенции чија цел е cоздавање на позитивни ефекти без да се прибегнува кон скапи или високо софистицирани решенија. Акцентот е ставен на реалистични решенија со флексибилен начин на примена кои придонесуваат за подобрување на работните услови и продуктивноста. Бројните искуства од практичната примена на првото издание на „Ергономски контролни точки“ за кои известуваат луѓето од практиката, се пренесени во ревидираниот текст заедно со илустрации како и дополнителни контролни пунктови. Тесната соработка меѓу Меѓународната асоцијација за ергономија и Mеѓународната организација на трудот се покажа како многу корисна во изготвувањето на ова второ ажурирано издание како и исполнување на најитните потреби за менаџирање на ергономските ризици на работните места.