Светски ден за безбедност и здравје при работа
Безбедност и здравје при работа при употреба на хемиски супстанци
Овој извештај е подготвен за годинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ја разгледува моменталната ситуација во поглед на употребата на хемиски супстанци и нивното влијание на работното место и на животната средина, вклучувајќи ги различните национални, регионални и интернационални напори за нивно решавање. стовремено, во извештајот се претставени и елементите за поставување на национални и корпоративни програми кои ќе придонесат да се обезбеди правилно управување со хемиските супстанци при работа.
Хемиските супстанци се клучни за модерниот живот. Тие и понатаму ќе се произведуваат и ќе се употребуваат на работните места. Владите, работодавачите и работниците и нивните организации со заеднички напори можат да остварат правилно управување со хемиските супстанци за да се постигне соодветна рамнотежа помеѓу придобивките од употребата на хемиски супстанци, превентивните и контролните мерки за потенцијалните негативни влијанија врз работниците, работните места, заедниците и животната средина.