Создавање здрави и безбедни работни места

Апликација за ергономски контролни точки во земјоделството

Оваа апликација за мобилни уреди ви овозможува да креирате интерактивни контролни списоци од ергономски контролни точки што може да се користат во секторот за земјоделство. Постојат вкупно 100 контролни точки. Апликацијата вклучува, исто така, препораки од најдобрите практики за преземање мерки и спроведување делотворни ергономски подобрувања на работните места во земјоделството.

Преземете ја апликацијата

  • верзија за iOS (ако вашиот уред е поставен на македонски јазик, по преземањето апликацијата ќе се прикаже на истиот јазик)
  • верзија за Android

Верзија на апликацијата за телефон

Својства

  • Пристап до детални описи на контролните точки со илустрации
  • Креирајте кориснички контролни списоци, подредувајте ги контролните точки според приоритетот и внесувајте забелешки
  • Извезете ги вашите контролни списоци и забелешки со вклучен датум

За кого е наменета апликацијата?

Апликацијата е дизајнирана за користење од сите лица што се засегнати од создавањето подобри работни окружувања во земјоделството и руралните средини: работодавачи, надзорници, работници, инспектори, лица задолжени за здравје и безбедност, обучувачи и едукатори, инженери, ергономи и дизајнери.


Верзија на апликацијата за таблет

Повеќе апликации