xxСоздавање здрави и безбедни работни места
Апликација со контролни точки за спречување на стресот на работа
Оваа апликација за мобилни уреди ви овозможува да креирате интерактивни контролни списоци од контролни точки за стрес што може да се користат во работното окружување. Постојат вкупно 50 контролни точки. Апликацијата вклучува, исто така, препораки од најдобрите практики за преземање мерки и спроведување ефективни подобрувања во однос на спречувањето на стресот на работното место.
Преземете ја апликацијата
- верзија за iOS (ако вашиот уред е поставен на македонски јазик, по преземањето апликацијата ќе се прикаже на истиот јазик)
- верзија за Android
Својства
- Пристап до детални описи на контролните точки со илустрации
- Креирајте кориснички контролни списоци, подредувајте ги контролните точки според приоритетот и внесувајте забелешки
- Извезете ги вашите контролни списоци и забелешки со вклучен датум