Оценување на влијанието на активните програми на пазарот на трудот: клучни наоди

Клучното прашање на истражувањето е дали учеството во активните програми на пазарот на трудот ја зголемило веројатноста на учесниците да најдат и да задржат работа за плата.

Овој извештај ги претставува наодите од извршеното оценување на влијанието на избор од активните програми на пазарот на трудот што се спроведуваат од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) во текот на периодот од 2008 до 2012 г. Извршивме оценување на следниве шест програми: програма за самовработување (спроведена во 2008 г.), практикантство (спроведена во 2010 и во 2012 г.), обука, преквалификација или доквалификација на невработени лица за познат работодавач (2010 и 2012 г.), програма за субвенционирање на вработувањето (2010 г.), обука за напредни ИТ-вештини (2010 г.) и обука за занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот (2010 г.)