НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА 2015-2018

Преку оваа Програма за соработка, Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Поранешната Југословенска Република Македонија заеднички работат на промовирањето инклузивен раст кој создава работни места, оддржливи претпријатија, поефективен социјален дијалог и формализација на неформалната економија.

Оваа Програма за пристојна работа и нејзините приоритети и цели се договорени после широк процес на трипартитни консултации со конституентите на МОТ во земјата. Во периодот 2015-2018 година, Владата и социјалните партнери во соработка со МОТ заеднички ќе работат на остварувањето на зацртаните стратегиски приоритети и цели.